Top Sport

Липи: Од една грешка што ја направи во кариерата произлегоа уште три други

Марчело Липи, тренерот што со Италија стана светски првак во 2006 година, за „Кориера дело спорт“, открил дека во кариерата направил само една грешка, од која потоа произлегле уште три.

Липи во кариерата, покрај светската, освоил уште многу титули, од кои најзначајни се оние во Лигата на шампионите и Серија А. Тој уште не може да си објасни зошто во 2008 година прифатил да се врати на кормилото на италијанската репрезентација, која ја напушти по освојувањето на титулата на Светското првенство во Германија.

„Ги освоив трофеите за кои што сонував. Но еднаш направив голема грешка. не требаше да ја напуштам репрезентацијата и исто така не требаше да се вратам назад. Се вратив бидејќи ми беше жал што заминав по освојувањето н Светското првенство. Значи не направив една, туку две грешки. Третата ја направив во Африка (СП во 2010 година, Јужна Африка). Доцна ми стана јасно дека некои играчи веќе ги потрошиле најдобрите години во репрезентацијата. Исто така имав несреќа бидејќи останав без Буфон и Пирло, го имав само Де Роси кој имаше проблеми со повредата на листот на ногата“, рекол Липи.

Италија на СП во 2010 година доживеа дебакл, откако како бранител на трофејот не успеа да ја мине фазата по групи.

Scroll to Top