Top Sport

Липи повеќе не е селектор на Кина

Марчело Липи повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Кина. Италијанецот поднел оставка поради неуспехот на Купот на Азија.

Кинезите очекуваа голем резултат на Купот на Азија, меѓутоа патот Кинезите го завршија во четврт-финалето со поразот од Иран (0:3).

„Сакам да им се заблагодарам на сите. Со овој меч заврши и мојот договор со кинескиот национален тим. Имав голема чест да ја водам репрезентацијата на една важна земја каква што е Кина“, рекол Липи на прес конференцијата по натпреварот.

70-годишниот Липи селекторската функција ја вршеше од 2016 година.

„Сега ќе одам дома да ги ‘наполнам’ батериите. Клубови повеќе нема да тренирам, но репрезентација што е блиску до Италија или во Емиратите би била привлечна комбинација“, завршил Липи.

Scroll to Top