Динамо Киев се наоѓа на чекор до пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите откако синоќа во Белгија забележа победа над Гент 2:1. Фудбалерите на Динамо на овој натпревар демонстрираа дека во клубот владее извонредна атмосфера што секако влијае за добрите резултати.
Во 28 минута играчите на Динамо не можеа да се договорат кој ќе го изведе слободниот удар, па ја воодушевија јавноста кога изведувачот го одреди популарната игра „лист, камен, ножици“.
„Победи“ Де Пења кој не успеа да постигне гол.
Amazing stuff in the game between Gent and Dynamo Kyiv tonight! Two of Dynamo's players decided the free-kick taker by playing "rock paper scissors". This is the beauty of football. Doing this in a Champions League qualifier… priceless! pic.twitter.com/9rBd2Nkl7Y
— Emanuel Roşu (@Emishor) September 23, 2020