До каде се оди со деталите околу подобрувањето на тимовите во Премиер лигата, најдобро покажува примерот на Ливерпул, откако тимот го ангажираше Данецот Томас Гронемарк, „специјалист за изведување аути“.
Според локалниот весник „Ливерпул ехо“, Гронемарк последните 15 години работи на усовршување на изведувањето аути и во моментов е светски рекордер со најдолгото уфрлање во игра од 51.33 метри.
Тој претходно работеше со данскиот клуб Митјиланд, а сега ќе помогне на „црвените“ во ловот на првата титула по 28 години.