Top Sport

Ливерпул и Челси го поделија „пленот“ (видео)

Со голот на Вилијам во 85. минута, Челси се спаси од пораз на „Енфилд“, одигрувајќи 1:1 со Ливерпул со резултат кој тешко дека ќе ги задоволи фановите на двата клуба.

По „неактивното“ прво полувреме, Ливерпул дојде во водство по одличната акција на Алекс Окслејд-Чембрлен и Мохамед Салах, по која египетскиот голгетер го постигна својот 15. гол оваа сезона за „црвените“.

Сепак, Салах реши да не го прославува голот, поради терористичкиот напад во неговата земја во кој загинаа над 300 луѓе во џамија на северот на полуостровот Синај.

Но, Бразилецот Вилијан со фантастичен лоб-удар во 85. минута успеа да стигне до израмнување, и да донесе поен за момците на Антонио Конте.

По некомплетното 13. коло,  Челси е на третото место во лигата со 26 поени, осум помалку од лидерите Манчестер сити, додека Ливерпул се петти со 23 поени.

Scroll to Top