Top Sport

Ливерпул даваат 80 милиони евра за Пепе

Ливерпул се подготвени да дадат 80 милиони евра да го добијат напаѓачот на Лил, Николас Пепе за уште поубоит напад на тимот на Јирген Клоп.

На „Енфилд“ се презадоволни со освоената титула од Лигата на шампионите, но главниот предизвик останува – како да се освои Премиер лигата против супер-моќниот тим на Манчестер сити. Според „Л’Екип“, првиот чекор е носењето на одличниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска.

Пепе имаше фантастична сезона со Лил, постигнувајќи 22 гола и 11 асистенции за тимот на Криштоф Галтие да го освои второто место зад недостижниот Пари Сен-Жермен. Се очекува Лил да „искешираат“ и да го продадат Пепе, а покрај Ливерпул интерес покажаа и ПСЖ, Манчестер јунајтед и Баерн Минхен.

Иако Ливерпул има доста напаѓачи, „Л’Екип“ додава дека е веројатно Садио Мане да замине во Баерн Минхен, а Мохамед Салах повторно е поврзуван со трансфер во Реал Мадрид.

Scroll to Top