Ливерпул вечерва ќе го пречека Митјиланд во Лигата на шампионите. Последниот меч во европските купови „црвениет“ на домашен терен го одиграа на 11. мар кога беа елиминирани од Атлетико Мадрид, во осмина-финалето.
Играчите на Ливерпул се апсолутни фаворити против Митјиланд, некој од нив ќе има можност да го постигне 10.000 гол во историјата на клубот.
Ливерпул, во првото коло, го победи Ајакс во Амстердам со 1:0, а доколку слави и вечерва тоа ќе биде прв пат по сезоната 2008/09 црвените да врзат две победи во Лигата на шампионите.
На голот се враќа Алисон Бекер, кој ќе се обиде да остане несовладан. Бразилецот својот гол не успеа да го одбрани минатата сезона во ниту еден меч.
Инаку, поразот на Ливерпул од Атлетико (2:3) беше прв за Ливерпул по 25 натпревари во Европа и воедно само втор пораз за црвените на домашен терен, во европските купови, во последните 30 години.