Top Sport

Ливерпул го направи Ван Дајк најскапиот дефанзивец на светот

Ливерпул ќе потпишат договор со Виргил ван Дајк во јануари откако се согласија да платат 75 милиони фунти за холандскиот интернационалец, кој ќе стане најскапиот одбранбен играч во историјата.

Тимот од Мерсисајд се обиде да го донесе Ван Дајк минатото лето, кога беа подготвени да платат 60 милиони фунти, но од тимот на Саутемптон јавно посочија дека „Црвените“ нелегално преговарале со фудбалерот, по што договорот пропадна.

Саутемптон се обиде да го убеди Ван Дајк да остане, барем до крајот на сезоната, но менаџерот Маурисио Пелегрино оцени дека заминувањето на фудбалерот е неизбежно откако не играше на последните три меча.

„Ливерпул можат да потврдат дека има договор со Саутемптон за трансферот на Виргил ван Дајк. 26-годишниот дефанзивец ќе дојде на ‘Енфилд’ на стартот на трансфер-периодот на 1 јануари 2018 година“, се вели во соопштението од Ливерпул.

Пред Ван Дајк најскап одбранбен играч беше Бенжамин Менди, за кој Манчестер сити му плати на Монако 49.4 милиони фунти во јули оваа година.

Scroll to Top