Top Sport

Ливерпул го помина Саутемптон на „крилата“ на Мане и Фирмињо (видео)

Вицешампионот во Англија, европскиот првак Ливерпул попладнево иако не одигра меч за паметење, ги собра трите бода на гостувањето кај Саутемптон. Резултатот на семафорот по 90 минути гласеше 1-2 за Ливерпул.

„Црвените“ беа анемични цели 45 минути, а тогаш со индивидуален квалитет, на Сенегалецот Садио Мане со удар од далечина Ливерпул дојде до водство од 1-0.

Во вториот дел Ливерпул со препознатливата игра го напаѓаше противникот, а резултатот дојде во 71 минута.
Мане го проигра Фирмињо, а овој во голем стил погоди за 0-2.

Во последните 10 минути од мечот се влезе во мирна завршница, а кога сите очекуваа дека нема да има поголеми возбудувања, голманот на „црвените“ Адријан им подари гол на домаќините. Направи слична грешка како Французинот Уго Лорис во финалето на Мундијалот против Хрватска. Ингс ја подмести ногата за 1-2.

Сепак, до крајот освен уште една убава шанса пред голот на Адријан, Саутемптон немаше сили за израмнување.

Во останатите денешни натпревари во Премиерлигата Евертон минимално со 1-0 го победи Ватфорд, Норич славеше со 3-1 против Њукасл, Борнмут забележа гостински триумф од 2-1 против Астон Вила, додека единствено мечот меѓу Брајтон и Вест Хем заврши нерешено 1-1.




Scroll to Top