Top Sport

Ливерпул го продадоа Соланки на Бурнемаут

Бурнемаут го комплетираа трансферот на напаѓачот на Ливерпул, Доминик Соланки за 19 милиони фунти, со што „црешите“ ќе го добијат 21-годишниот фудбалер откако предложениот трансфер во Кристал палас пропадна.

Англискиот репрезентативец до 21 година дојде во Ливерпул пред 18 месеци откако не доби шанса да биде во првиот тим на Челси и во првата сезона имаше 27 настапи за тимот на Јирген Клоп, вклучувајќи два меча од Лигата на шампионите, но оваа сезона не доби шанса поради слабата физичка подготвеност.

„Мислам дека Бурнемаут е совршен клуб за мене, бидејќи покажа дека може да биде стабилен во Премиер лигата и ќе имам шанси да играм. Зборував со менаџерот Еди Хоув утрово и ја познавам неговата игра. Целта е да се игра и да се постигнуваат голови. Во Премиер лигата тоа не е лесна задача“, вели Соланки.

Scroll to Top