Top Sport

Ливерпул го следат Рајан Гравенберх

Ливерпул го идентификувале фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Рајан Гравенберх како потенцијално засилување во летниот преоден рок, откако кренаа раце од Џуд Белингем од Борусија Дортмунд бидејќи не се подготвени да платат над 130 милиони евра за англискиот репрезентативец.

Според „Тајмс“, решение се бара во Холанѓанецот Гравенберх, кој пристигна во Баварија од Ајакс минатото лто со петгодишен договор. Грабенберх не успеа да се наметне во тимо и има одиграно само 711 минути оваа сезона, повеќе пати како замена за Леон Горецка и Џошуа Кимих.

Баерн се подготвени за зделка и би се согласиле на цена од 30 милиони евра.

Scroll to Top