Top Sport

Ливерпул го „спремаат“ Џерард ако Клоп стане германски селектор

Ливерпул веќе го подготвуваат Стивен Џерард како можна замена за Јирген Клоп, откако повторно се појавија шпекулации дека Јирген Клоп нема да ја одбие позицијата на германски селектор ако таа му биде достапна ова лето, тврди британскиот „Дејли мирор“.

66-годишниот Јоаким Лев веќе беше под „лупа“ на Германската фудбалска федерација (ДФБ) по катастрофалниот пораз од Шпанија, но беше одлучено тој да ја води репрезентацијата на Европското првенство ова лето. Тој веќе 15 години е на чело на „маншафт“ и ја донесе титулата од СП во 2014, но резулатите во последно време не се убедливи.

Англиските медиуми шпекулираат дека ако на Клоп му биде понудена таа работа, ќе биде невозможно да ја одбие, така што легендарниот капитен на Ливерпул, Џерард би добил шанса да стане менаџер на клубот кој најмногу го сака. Џерард импресионираше со Ренџерс и е на добар пат да ја прекине доминацијата на Селтик во Шкотската Премиерлига оваа сезона.

Scroll to Top