Top Sport

Ливерпул и Наполи заинтересирани за Берге

Спортскиот директор на Генк Димитри де Конде открил дека за играчот на овој клуб Сандер Берге интерес покажаќе Наполи и Ливерпул. Генк сезонава се наоѓа во иста група во Лигата на шампионите, со овие два тима.

Според зборовите на Де Конде, голема борба за потписот на 21 годишникот ќе водат „црвените“ и наполитанците.

„Наполи се заинтересирани за Сандер. Знаеме дека интерес за него има и кај Ливерпул. Клоп по мечот во Лигата на шампионите упати комплименти за неговата игра. И неколку италијански тимови се заинтересирани за Норвежанецот, но досега сме немале контакт со нив. Од наредната недела тоа ми можело да се смени“, рекол директорот на Генк.

Берге (195 сантиметри) во Генк е од јануари 2017 година. Белгијците за него на Валеренга и платиле два милиони евра. Според „Трансфермаркт“ неговата цена е околу 22 милиони евра.

Scroll to Top