Ливерпул успеа да ја елиминира предноста на Атлетико Мадрид по првите 45 минути од нивниот реванш во осминафиналето на Лигата на шампионите, поведувајќи со 1:0, додека Пари Сен-Жермен по 45 минути имаат 2:0 водство против Борусија Дортмунд, што со оглед на поразот од 2:1 на гости во Германија е резултат кој ги носи во четврт-финале.
На „Енфилд“, Георгинио Вајналдум успеа да го скрши „бункерот“ на Атлетико во 43. минута по асистенција на Алекс Окслејд-Чембрлен за најава за интересно второ полувреме.
На празниот „Парк на принцовите“, ПСЖ дојде во водство преку Нејмар со гол со глава во 28. минута, а Бернат во финишот на полувремето зголеми на 2:0.
GOAL! Wijnaldum heads past Oblak to give Liverpool the lead.#LIVATL pic.twitter.com/t2Nw675jZW
— Tanbeer Rahman (@rahman_tanbeer) March 11, 2020