Ливерпул најавува дека ќе биде активен на трансфер пазаротм, во јануарскиот преоден рок. Црвените мора да најдат замена за повредениот Вирџил Ван Дајк, за кого оваа сезона е завршена.
Англиските медиуми поврзуваат двајца млади одбрамбени играчи, кои настапуваат во Бундес лигата, со екипата што ја предводи Јирген Клоп.
Според овие шпекулации, Клоп, бира помеѓу играчот на Шалке Озан Кабак и фудбалерот на Лајпциг, Дајот Умапенкано.
Кабак е поефтин од Упамекано. Одредени извори велат дек за неговиот трансфер Ливерпул би требало да издвојат помеѓу 20 25 милиони евра.
Од друга страна за да го донесат Упамекано од Енфилд ќе мора да ја кативираат неговата откупна клаузула од 40 милиони евра.
Упамекано, од почетокот ги одиграл сите натпревари за Лајпциг во Бундес лигата. Луѓето од Ливерпул имаа можност синоќа да го гледаат во Манчестер, но тој како и целиот тим на Лајпциг не се прослави. Јунајтед го декласира Лајпциг, во Лигата на шампините, со 5:0.