Top Sport

Ливерпул ја чека 500. победа во Премиер лигата

Ливерпул, во првото коло во Премиер лигата, ќе го пречека Вест Хем, а овој натпревар може да биде историски за екипата на менаџерот Јирген Клоп.

„Црвените“ имаат моќен тим, поради што навивачите се надеваат дека нивните миленици конечно ќе стигнат до титулата во Премиер лигата. Со евентуална победа Ливерпул во клубот на екипи што имаат забележано најмалку 500 победи во Премиер лигата. Во овој клуб на одбрани веќе се Манчестер јунајтед, Арсенал и Челси.

Историски меч ова би можел да биде и за менаџерот Клоп. Доколку Ливерпул освои барем еден бод, односно доколку не биде поразен, Клоп ќе стигне до 200.бод како менаџер на Ливерпул, во Премиер лигата.

Најдобриот стрелец на Ливерпул, Мохамед Салах, против Вест Хем ќе го одигра 50.меч во англиската Премиер лига.

Дуелот помеѓу Ливерпул и Вест Хем на програмата е од 14:30 часот.

Scroll to Top