Top Sport

Ливерпул ја плаќаат клаузулата од 70 милиони евра за Собослаи

„Револуцијата“ во средниот ред под водство на Јирген Клоп во Ливерпул продолжува, откако „црвените“ ја платија откупната клаузула од 70 милиони евра на РБ Лајпциг за трансфер на унгарската ѕвезда, Доминик Собослаи.

Личните услови со Собослаи веќе беа договорени, така што нема никаква пречка за трансферот, а добрите односи меѓу двата клуба беа потврдени денеска, кога Ливерпул го пратија Фабио Карваљо на едногодишна позајмица во германскиот бундеслигаш.

Собослаи е второ засилување за Ливерпул ова лето, откако претходно веднаш по крајот на сезоната го потврдија трансферот на Аргентинецот Алексис Мекалистер од Брајтон.

Scroll to Top