Top Sport

Ливерпул, Јунајтед и Арсенал во неочекувана „трка“ по Гризман

Големите премиерлигаши се на „штрек“ откако се појави можност да го добијат Антоан Гризман од Барселона, кој се очекува да биде „најголема жртва“ од одлуката на Лионел Меси да остане на „Ноу Камп“.

На Гризман наводно му била ветената улогата на Меси од новиот тренер Роналд Куман, но овие планови се уништени по објавата на Меси во петокот дека нема да оди на суд со својот клуб. Ова значи дека Куман треба да го „скрати“ составот за да дозволи Ансу Фати и Усман Дембеле да добијат поголема шанса, а Куман е подготвен да го искористи и повратникот во тимот, Филипе Кутињо.

Ова го остава 29-годишниот Гризман во незгодна ситуација, откако не успеа да ги оправда големите пари кои Барса ги плати за неговиот трансфер од Атлетико Мадрид, постигнувајќи само девет гола во Ла лига. Според „Дејли мејл“, за Гризман се заинтересирани Ливерпул, Арсенал и Манчестер јунајтед кои веќе ја „тестирале“ Барса околу подготвеноста да го продадат Французинот.

Scroll to Top