Top Sport

Ливерпул како воз во Бурнемаут (видео)

Ливерпул уште еднаш докажа дека можеби го има најдобриот напад во Премиер лигата, откако незгодното гостување кај Бурнемаут го добија со фантастични 0:4.

Во 20-тата минута, Филип Кутињо уште еднаш покажа зошто е еден од најбараните фудбалери на светот, откако ја надигра целата одбрана на домаќините за да донесе водство од 1:0.

Само пет минути подоцна Дејан Ловрен налета со глава на топката на Фирмино за 2:0, за до крајот на полувремето Мохамед Салах да го постигне својот 14. гол во Премиер лигата и 20-ти вкупно во сите натпреварувања за целосно да го реши натпреварот.

До крајот на мечот, во 66. минута Роберто Фирмино постигна уште еден гол, за Ливерпул да се искачи на четвртото место во Премиер лигата со 34 поени, дури 18 помалку од лидерите Манчестер сити. Бурнемаут се 16-ти со 16 поени и без победа во последните шест меча.

Scroll to Top