Тековната сезона е последна во која играчите на фудбалскиот клуб Ливерпул ја носат опремата на производителот „Њу Баланс“. Договорот на Ливерпул со овој спортски бренд истекува во мај 2020 година, а судот пресудил дека челниците на клубот од „Енфилд“ имаат право да изберат со кого ќе соработуваат. Од „Њу Баланс“ тврдеа дека можат автоматски да го продолжат договорот за уште една година.
Откако судот донесе одлука во корист на Ливерпул, веднаш доби потврда информацијата дека компанијата „Најки“ ќе се грижи за изгледот на фудбалерите од „Енфилд“ од наредната сезона.
Договорот што ќе го потпишат двете страни ќе биде рекорден во Премиер лигата. „Скај Спорт“ објави дека Ливерпул од „Најки“ ќе добива повеќе од 75 милиони фунти годишно.
Ливерпул ќе го надминат рекордот на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ од „Адидас“ годишно добиваат точно 75 милиони фунти.