Ливерпул се подготвени да го срушат сопствениот рекорд и да платат 110 милиони евра за во текот на летото да го добијат талентот на Баер Леверкузен, Каи Хаверц, објавуваат шпанските медиуми.
20-годишниот Хаверц е еден од најталентираните млади фудбалери, а веќе има над 100 настапи за Баер откако дебитираше за „фармацевтите“ како 16-годишник и има седум настапи за германската репрезентација.
Според „Мундо депортиво“, Клоп и Ливерпул ја имаат „пол-позицијата“ во трката за Хаверце пред Барселона и Манчестер јунајтед, и ако се случи трансферот од 107 милиони фунти, тој би го срушил рекордот кој го постави доаѓањето на Виргил ван Дајк од Саутемптон во 2018 за 75 милиони фунти.