Top Sport

Ливерпул му го продолжија договорот на талентот Бајчетиќ

Шпанскиот талент Стефан Бајчетиќ доби нов долгогодишен договор со Ливерпул, откако 18-годишниот тинејџер оваа сезона се проби во првиот тим на Јирген Клоп. По преговорите кои траеја од летото, Бајчетиќ добива договор до 2027 година.

Бајчетиќ, кој пристигна на „Енфилд“ од Селта во 2017 година е дел од повеќето талентирани фудбалери од академијата на Ливерпул на возраст од 15 до 18 години, покрај Бен Доук, Боби Кларк, Мелкаму Фрауендорф и Трент Коне-Доерти. Со потпишувањето на договорот Бајчетиќ ќе може да се смета како „фудбалер кој тренира со клубот“, со што ќе се отвори место за нов млад фудбалер во тимот на Клп.

„Пред една година играв У-18 фудбал со малку стартови, но оваа година дебитирав, постигнав гол. Неверојатно. Ќе работам напорно и се надевам дека ова е само почеток“, вели Бајчетиќ.

Scroll to Top