Ливерпул навива за опцијата Фелипе Кутињо да остане во Барселона. „Црвените“ имаат 20 милиони причини Бразилецот наредната сезона да биде во ростерот на каталонскиот клуб.
Продажбата на Кутињо е најдобриот потег на Ливерпул во овој век. од парите што ги добија од неговиот трансфер на „Енфилд“ пристигнаа Вирџил Ван Дајк и голманот Алисон Бекер и плус клубот се уште може да заработи од Бразиелцот.
Ливерпул од трансферот на Кутињо од Барселона веќе доби 135 милиони евра (120 милиони евра фиксно обесштетување, 10 милиони за изборениот пласман во Лигата на шампионите и пет милиони за одиграни 25 натпревари).
Во договорот на Кутињо постојат уште неколку бонуси од кои Ливерпул може да профитира. Доколку бразилскиот репрезентативец одигра 100 натпревари за Барселона, досега стигнал до бројката 76, тогаш на сметката на Ливерпул каталонците ќе треба да уплатат 20 милиони евра, им следуваат и дополнителни пет милиони евра доколку Барса се пласира во Лигата на шампионите со Јутињо во ростерот.
Фелипе Кутињо сезонава е позајмен во Баерн Минхен но Баварците нема да го откупат неговиот договор што значи дека тој ќе мора да се врати во Барселона.