Покрај големиот интерес и шпекулациите за трансфер на Мохамед Салах во Ал-Итихад, саудискиот клуб е заинтересиран да го донесе и дефанзивецот Ибрахима Конате, тврди „РМЦ спорт“.
Во тежок преоден рок за Јирген Клоп, „црвените“ веќе ги загубија Џордан Хендерсон, Фабињо и Фирмино на клубови од Саудиска Арабија, а шпекулациите велат дека Мохамед Салах е пред богат трансфер. Според „РМЦ“, Ал-Итихад покрај Конате го сакаат и дефанзивецот на Ница, Жан-Клер Тодибо.
Конате има договор со клубот од „Енфилд“ до 2026 година.