Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, нема лесно да се откаже од намерата да го ангажира голманот на Рома, Алисон Бекер. Како што објави „Ла Република“, Клоп на Рома и понудил 60 милиони евра и дополнителни 10 милиони низ разни бонуси.
Според истиот извор, од Рома ја одбиле оваа понуда и барале уште пет милиони евра за трансферот да биде реализиран.
Доколку клубовите успеат да се договорат и Алисон се пресели на „Енфилд“, тој годишно ќе заработува пет милони евра.
Алисон Бекер е еден од најбараните голмани во овој преоден рок. Реал испратил понуда од 50 милиони евра и според изворите од „кралскиот клуб“ тоа е максимумот што европскиот првак ќе го понуди за Бразилецот.