Top Sport

Ливерпул не застануваат – договорен Диого Жота за 35 милиони фунти?

Ливерпул се договориле со Вулверхемптон за трансферот на Португалецот Диого Жота за 35 милиони фунти, тврди британскиот „Дејли мејл“.

23-годишниот португалски напаѓач бил прва опција за засилување на нападот на „црвените“, а во игра е и Исмаила Сар од Вотфорд, велат изворите на британскиот весник. Жота минатата сезона постигна 16 гола за „волците“, а во исто време создаде и многу шанси за своите соиграчи. Тој не беше во тимот на Вулверхемптон во Карабао купот, а не играше ниту на првиот меч од Премиер лигата во понеделникот.

Ливерпул во исто време би сакале да го продадат и Рајан Брустер за околу 20 милиони фунти, слично како и Хери Нилсон, додека младиот фудбалер Ки-Џана Хевер би отишол во Вулверхемптон како дел од зделката.

Scroll to Top