Top Sport

Ливерпул нема да го носи Шаќири на дуелот со Црвена ѕвезда?

Репрезентативецот на Швајцарија, Џерадан Шаќири, би можел да го пропушти гостувањето на Ливерпул во Белград, во рамките на Лигата на шампионите.

Како што објави специјализираниот фудбалски портал „Гол (goal.com)“, во Ливерпул ја разгледувале опцијата Шаќири да остане во Англија, со цел да бидат избегнати потенцијални политички тензии.

Се уште се свежи сеќавањата од Светското првенство и начинот на прославата на голот против Србија. На истиот меч на копачките Шаќири покрај Швајцарското го имаше и знамето на Косово. Во клубот сметаат дека поради тоа тој само непотребно ќе биде изложен на дополнителен притисок од трибините.

Поради тоа клубот сака да избегне евентуални контроверзи, иако од почетокот на сезоната Шаќири е во втор план кај менаџерот Јирген Клоп.

Порталот потсетува и на изјавата на директорот на Црвена ѕвезда, Терзиќ, дека доколку Шаќири дојде во Белград, должност на клубот е му обезбеди максимална безбедност.

Ливерпул ќе гостува на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград ма 6.ноември во рамките на 4.коло, во Лигата на шампионите.

Scroll to Top