Top Sport

Ливерпул нема да носат нов играч во одбраната

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, спротивно на она што пишуваат медиумите, изјавил дека се мали шансите, во преодниот рок на „Енфилд“ да пристигне нов дефанзивец.

Ливерпул имаат многу проблеми во дефанзивниот дел од тимот, најмногу поради повредите на Вирџил Ван Дајк и Џо Гомез. Одбраната е најлошиот дел од тимот, лесно прима голови, но и покрај тоа Клоп вели дека клубот нема да се засили на таа позиција.

Медиумите со Ливерул ги поврзуваат Давид Алаба, Далот Упамекано и Серхио Рамос.

„Не можам да кажам дека нема да донесеме нов играч, но, поради моменталната ситуација, веројатно нема да се засилиме. На сите им е тешко. Доколку и донесеме нов играч тоа ќе биде изнудено решение, што значи дека нема многу да ми помогне. Значи нема логика да трошиме пари“, рекол Клоп.

Scroll to Top