Top Sport

Ливерпул нудат 60 милиони за Кулибали, Наполи сакаат уште 40!

Според италијанскиот весник „Кориере дело спорт“, Наполи ја одбиле понудата на Ливерпул од 60 милиони евра за Калиду Кулибали, но „партенопеи“ бараат дополнителни 40 милиони евра.

Бекот подолго време е поврзуван со заминување од „Сан Паоло“, но клубот нема намера да го пушти за „ефтино“, и веќе ги одби понудите на Манчестер јунајтед и Пари Сен-Жермен. Ливерпул останаа најзаинтересирани за него за да направи сензационално партнерство со Виргил ван Дајк во одбраната.

Сенегалецот во саботата наполни 29 години, прославувајќи го роденденот на голема забава со своите соиграчи, но и со трофејот од Копа Италија кој го освоија на пенали против Јувентус оваа недела.

Scroll to Top