И покрај тоа што претходно главната тема кај „црвените“ беше продолжувањето на договорот со Мохамед Салах, Јирген Клоп и Ливерпул сметаат на иднината и ќе се обидат да го привлечат Лаутаро Мартинез од Интер да ја напушти омилената Серија А во текот на ова лето, тврди „Калчомеркато“.
24-годишниот Аргентиец неодамна го продолжи договорот со „нераѕурите“ и постојано изјавуваше дека нема планови да си замине од Милано, а на пазарот би бил вреден над 90 милиони евра. Лаутаро има 11 гола во 23 меча во Серија А оваа сезона.
Доколку се покаже како точен, овој трансфер би бил второ засилување во нападот на Ливерпул во 2022, откако во јануари го добија Колумбиецот Луис Дијаз од Порто.