Ливерпул се пред трансфер на дефанзивецот Ибрахима Конате од РБ Лајпциг, откако се согласиле да ја платат откупната клаузула од 40 милиони фунти, тврдат британските медиуми.
22-годишниот Конате, кој е во Франција каде што се подготвува за четврт-финалето од ЕП до 21 година против Холандија, треба да биде засилување за одбраната на тимот на Јирген Клоп по сите проблеми кои ги имаа минатата сезона со повредите на Виргил ван Дајк, Џо Гомез и Џоел Матип.
Ливерпул уште минатото лето беа заинтересирани за младиот Французин, но тој доби незгодна повреда на скочниот зглоб и одигра 21 меч за Лајпциг, од кои во само 8 беше стартер.