Ливерпул се подготвени за сензационален троен трансфер во јануари, купувајќи ги Марцело Брозовиќ, Арнаут Данџума и Глеисон Бремер, тврди британскиот „Сан“.
„Црвените“ летото донесоа само едно засилување, Ибрахима Конате од РБ Лајпциг за 36 милиони фунти, а во јануари ќе бидат значително ослабени кога Мо Салах, Садио Мане и Наби Кеита ќе учествуваат на Африканскиот куп на нации, што ќе биде совршена шанса за засилувања.
Хрватската ѕвезда на Интер, Брозовиќ летово ќе биде слободен играч, така што тоа ќе биде последна шанса за Интер да заработат пари. Ливерпул се подтготвени да му дадат плата од 120.000 фунти неделно.
24-годишниот Холанѓанец Данџума, пак, има одлична сезона со Вилјареал, откако постигна 7 гола во 15 настапи оваа сезона, а засилувањата би ги комплетирале со бразилскиот дефанзивец на Торино, Бремер.