Top Sport

Ливерпул се „прошета“ на море, Евертон победи за „Биг Сем“ (видео)

Ливерпул го декласираше Брајтон Хоув и Албион со 5:1 за да ја продолжи одличната низа, Евертон ја донесе првата победа на Сем Алардајс како менаџер со 2:0 над Хадерсфилд, додека „маките“ на Тотенхем продолжија со 1:1 реми кај Ватфорд во 15. коло од Премиер лигата.

Ливерпул поведе со 2:0 за нешто повеќе од една минута, откако во 30. и 31. минута Емре Чан и Роберто Фирмино ги поставија „Црвените“ во голема предност. Фирмино повторно „удри“ на почетокот на второто полувреме, пред домаќините да вратат преку гол од пенал на Глен Мареј, меѓутоа во финишот на натпреварот тимот на Јирген Клоп додаде уште два гола, прво преку Филип Кутињо, а потоа и преку несреќниот авто-гол на Луис Данк.

Гилфи Сигурдсон и Доминик Калверт-Луис беа прецизни за Евертон, за „Биг Сем“ да има победничко деби на клупата на „карамелите“, со 2:0 победа над незгодниот Хадерсфилд. По импресивната 4:0 победа над Вест Хем во средата, ова е втор триумф во низа за Евертон и сега тие се 10. со 18 освоени поени.

Тотенхем со 10 играчи не успеа да стигне до победа над Ватфорд, задоволувајќи со 1:1 реми благодарение на голот на Сон Хеунг-Мин, за да останат на шестото место со дури 15 поени помалку од Манчестер сити.

Лестер ја прекина добрата низа на седмопласираните Барнли, откако благодарение на голот на Демрај Греј во шестата минута од мечот.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 15.КОЛО

Брајтон – Ливерпул 1:5

Евертон – Хадерсфилд 2:0

Лестер – Барнли 1:0

Стоук – Свонси 2:1

Ватфорд – Тотенхем 1:1

Вест Бром – Кристал Палас 0:0

Scroll to Top