Германскиот фудбалски голман, Лорис Кариус (27) повторно го напушта Ливерпул.
Навивачите нема да можат да му ги заборават двата кикса во финалето на ЛШ во 2018 година, па затоа му следи нова позајмица, за него во овој тим на Јирген Клоп нема.
По две години поминати во Бешикташ, сега се враќа во Германија.
Медиумите на Островот пишуваат дека е договорена едногодишна позајмица со бундеслигашот Унион Берлин.
Кариус професионалната кариера на Германецот започна во Мајнц, а за 5 милиони евра во 2016 дојде на „Енфилд“.
Челниците долг период „ги трпеа“ неговите и грешките на Симон Мињоле, по што во клубот го доведоа Алисон Бекер.
Во Ливерпул се надеваа дека Кариеус ќе ја врати самодовербата во Бешикташ, но тој не успеа да излезе од сопствената сенка.