Ливерпул ќе се обидат во летниот преоден рок на „Енфилд“ да го донесат крилото на Вест хем јунајтед, Џерод Боуен, тврдат британските медиуми.
„Црвените“ го донесоа Колумбиецот Луис Дијаз во текот на зимскиот преоден рок во скап договор со Порто, а во тимот ги имаат и Мохамед Салах и Садио Мане, но пристигнувањето на 25-годишниот Боуен би било совршено доколку некој од нив побара трансфер.
Поранешниот напаѓач на Хал сити минатата сезона, прва цела во Вест хем имаше 8 гола и 6 асистенции, но оваа сезона игра во уште подобро, со 12 гола и 11 асистенции, со што е четврт најдобар напаѓач во Премиерлигата оваа сезона зад Мо Салах, Бернардо Силва и Кевин де Брујне.