Top Sport

Ливерпул сигурни дека го „добиле“ Фабио Карваљо

Ливерпул се сигурни дека ја добиле „трката“ за потписот на тинејџерот на Фулам, Рикардо Карваљо, откако беа заинтересирани за 19-годишниот Португалец и во јануарскиот преоден рок.

„Црвените“ не успеаја да се договорат со Фулам во последните моменти од зимскиот преоден рок, но сега би требало да го комплетираат трансферот за 8 милиони фунти во јуни, тврди порталот „Гол“.

Повеќе клубови беа заинтересирани за тинејџерот, кој веќе им над 30 настапи за Фулам оваа сезона, постигнувајќи осум гола и предводејќи го тимот до првото место во Чемпионшип со 11 поени разлик.

Клоп е голем фан на Карваљо, кој откако настапуваше за младинската англиска репрезентација пред да се реши за Португалија. Се верува дека покрај Карваљо во текот на летото Ливерпул ќе го добијат и 16-годишното крило Бен Доук од Селтик за 600.000 фунти.

Scroll to Top