Ливерпул се подготвени за голема понуда од 80 милиони евра да го донесат играчот од средниот ред на Интер, Николо Барела, тврдат италијанските медиуми.
Главната цел на Јирген Клоп во летниот преоден рок е „ремонт“ на средниот ред во тимот, а откако го „испуштија“ Џуд Белингем, кој замина во Реал Мадрид, веќе склучија договор со Алексис Мекалистер од Брајтон. Според италијанските извори, Клоп е воодушевн од 26-годишниот Барела, кој беше еден од клучните играчи на Интер минатата сезона, и веќе е подготвена понуда, но се чека Интер да го заврши трансферот на Давиде Фратези од Сасуоло како замена за Барела.
Според „Ла газета дело спорт“, Ливерпул ќе имаат конкуренција во Манчестер јунајтед и Њукасл, така што се чека развојот на настаните.