Top Sport

Ливерпул убедлив во првото полувреме, Гвардиола и Симеоне се „надмудруваат“ облечени во исто

Бенфика не ги издржа нападите на Ливерпул и губи со 0:2 по првото полувреме во првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампиони, додека на „Етихад“, Манчестер сити и Атлетико Мадрид, очекувано играат цврст меч, во кој гостите (засега успешно) се фокусирани на одбраната, а двајцата тренери Пеп Гвардиола и Диего Симеоне неочекувано се облечени речиси идентично.

На „Луж“, Ливерпул дојде во водство во 17. минута со првиот гол во дресот на „црвените“ за Ибрахима Конате по еден корнер, за во 24. минута, Садио Мане да го удвои водството по една малку сомнителна ситуација во која домаќините бараа офсајд.

Во Манчестер, Сити имаат над 400 додавања во првото полувреме, но „паркираниот автобус“ на Чоло Симеоне засега изгледа сосема цврсто.

Scroll to Top