Ливерпул се вклучил во трката за потписот на Калвин Филипс. Фудбалерот на Лидс јунајтед се поврзува со Манчестер јунајтед. Трансферот на англискиот репрезентативец е поставен како приоритет за клубот од „Олд Трафорд“.
Лидс подготвиле нов договор за фудбалерот кој е роден во овој град, меѓутоа јасни им е дека нема да можат да се изборат со финансиски моќните клубови. Неговиот трансфер во Манчестер јунајтед е најавуван како завршен, меѓутоа во целата приказна влегол Ливерпул.
Филипс бил подготвен да чуе што има да му понуди Јирген Клоп.
Клубот кој ќе го донесе Филипс за трансферот ќе мора да издвои најмалку 60 милиони фунти.