Џердан Шаќири нема да патува со Ливерпул на мини-турнејата во САД, која е дел од подготовките на европскиот шампион за новата сезона. Медицинските тестови направени во понеделникот, покажале дека швајцарскиот репрезентативец се уште не бил целосно заздравен за да може да тренира со максимален капацитет.
Шаќири се повредил пред нешто повеќе од еден месец, во финалето во Лигата на шампионите против Тотенхем.
Поради тоа менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп решил а турнејата во САД да му даде шанса на младиот Риан Брустер.
Клоп сметал дека за Шаќири било најдобро да остане во Англија каде рехабилитацијата ќе течела според планот на лекарите.