Top Sport

Ливерпул за Ловрен на Милан му бара 28 милиони евра!

Англиски „Тајмс“ пишува дека Милан е сериозно заинтересиран во новата сезона во своите редови да го има хрватскиот дефанзивец од Ливерпул, Дејан Ловрен.

Иако Ван Дајк, Матип и Гомез го „истуркаа“ Хрватот од стартната постава на Јирген Клоп, сепак „црвените“ не сакаат лесно да се ослободат од играчот.

Информациите се дека Ливерпул за Ловрен бара 28 илиони евра.

Ловрен пред 5 години во Ливерпул дојде од Саутемптон за 25 милиони евра. Минатата сезона имаше 14 настапи во Премиерлигата, додека во Лигата на шампиони настапи само на два меча.

Scroll to Top