Додека љубителите на италијанскиот фудбал го очекуваат најавуваниот утрешен трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус, второлигашот Ливорно најави дека тие веќе го ангажирале вистинскиот Кристијано! Односно, новиот тренер Кристијано Лукарели.
„Има само еден Кристијано, и тој е наш“, вели статусот на Твитер на клубот.
Ливорно минатата сезона се вратија во Серија Б, откако завршија како први во својата група во Серија Ц.
42-годишниот Лукарели е легенда на „Амаранто“, постигнувајќи 92 голови во 145 настапи за клубот од 2003 до 2007, а во сезоната 2004/05 беше најдобар стрелец во Серија А. Покрај настапите за Ливорно, тој имаше и три гола во шест настапи за италијанската репрезентација, а играше и за Торино, Шахтјор Доњецк, Парма и Наполи.
#CR7?!?!? Naaaaa… Esiste un solo Cristiano… e ce l’abbiamo noi! ?#CL99 #BentornatoCristiano pic.twitter.com/08ZODopgNe
— AS Livorno Calcio (@LivornoCalcio) July 6, 2018