Антоан Гризман веќе „не знае да игра фудбал“ со Барселона, вели поранешниот француски репрезентативец Биксенте Лизаразу, кој му советува на сонародникот што е можно побргу да замине од „Ноу Камп“.
Гризман имаше 133 гола во 257 меча за Атлетико Мадрид, но ваквиот учинок не го повтори во Барса по трансферот од 120 милиони евра во јули 2019 – имаше само 15 гола во 48 меча за Барса во првата сезона, додека оваа нема ниту еден гол. Лизаразу вели дека тој едноставно го загубил идентитетот како играч.
„Веќе не знае како да игра фудбал со дресот на Барселона и не може да си го најде своето место. Кога ќе стигнеш до таква ситуација, тогаш е подобро да си заминеш. Поминаа 18 месеци, така што тоа веќе ментално влијае а него и ситуацијата е критична“, вели Лизаразу.