Top Sport

Љоренте во Наполи, Калиниќ и Мхитаријан во Рома

Шпанскиот напаѓач Фернандо Љоренте последниот ден од преодниот рок го засили Наполи. Во исто време медиумите во Италија пренесуваат дека двајца нови играчи ќе пристигнат во Рома, тоа се Никола Калиниќ и Хемрик Мхитаријан.

Љоренте (34) изминатите две сезони играше во Тотенхем. Тој во Наполи пристигна како слободен играч, а договорил соработка до јуни 2021 година.

Искусниот напаѓач добро ја познава Серија А, во периодот од 2013 до 2015 година постигнал 27 гола за Јувентус.

Рома веќе ги завршила сите детали околу позајмицата на Никола Калиниќ од Атлетико Мадрид. Римскиот тим по завршувањето на сезоната ќе може да го откупи неговиот договор за 10 милиони евра.

Во исто време Рома ги финишира и преговорите со Арсенал околу Ерменецот Мхитаријан. Поранешниот играш на Шахтјор, Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед една година ќе биде позајмен во Рома.

Него в текот на денот го очекуваат на „Олимпико“ каде што треба да ги миние лекарските прегледи пред да го потпише договорот.

Scroll to Top