Top Sport

Ло Селсо во Вилјареал повторно ќе работи со Унаи Емери

Џовани Ло Селсо е нов фудбалер на Вилјареал, пристигнувајќи од Тотенхем на позајмица до крајот на сезоната, со што Аргентинецот се враќа во шпанската Ла лига.

25-годишниот Ло Селсо играше за Реал Бетис од 2018 до трансферот во Тотенхем во 2020 година, но не беше во плановите на новиот менаџер Антонио Конте. Во Вилјареал тој ќе работи повторно со Унаи Емери, шпанскиот тренер кој му ја даде првата европска шанса во Пари Сен-Жермен во 2016 година.

Ло Селсо во моментов е со аргентинската репрезентација, со која ќе игра квалификациски меч за СП утре против Колумбија.

Scroll to Top