Кариерата на најскапиот фудбалер на светот, Нејмар, за кого Пари Сен-Жермен платија 222 милиони евра, можела да биде сосема поинаква доколку рускиот тим Локомотив Москва се решиле на храбар потег во 2008 година.
Откако го гледале Нејмар како игра за Сантос на Медитеранскиот куп за младинци, рускиот гигант размислувал да го купи тимот за 10 милиони евра, но на крајот се одлучиле да не го направат тоа бидејќи тоа било огромна сума за еден тинејџер.
Наместо тоа, Локомотив се решиле да веруваат во својот јуниор, Алан Гатагов, одлука која од сегашна перспектива е смешна.
„Размислувавме дали вреди да го купиме Нејмар. Нашите скаути го гледаа и беа задоволни, но имавме доста сомнежи. Прво, тој беше многу млад, второ, не знаевме како ќе се адаптира во Русија. Ќе не чинеше многу на крајот, околу 10 милиони евра, што за тинејџер не е малку. Да, на крајот ние сме губитниците, но тогаш не забележав дека Нејмар играше толку подобро од другите. Алан Гатагов изгледаше исто толку добро“, вели поранешниот претседател на Локомотив, Николај Наумов за „Спорт-Експрес“.
16-летние Коутиньо и Неймар обыгрывают московский “Локомотив” в финале молодежного Mediterranean Cup, ровно 10 лет назад. pic.twitter.com/FVvuVLCSmG
— Sergey Akulinin (@S_Akulinin) January 7, 2018
До март 2009 година, Нејмар веќе дебитираше за Сантос, пред во 2013 година Барселона да го добие неговиот потпис и од тој момент другото е многу познато – низа трофеи со Барса и супер-скапиот трансфер во ПСЖ.
Од друга страна Гатагов не го оствари својот потенцијал и веќе цела сезона нема договор откако замина од естонскиот клуб Левади Талин минатиот февруари.