Англиските хулигани неодамна најавија дека се подготвени да приредат свое шоу на Светското првенство во Русија, меѓутоа своите планови нема да можат да ги реализираат.
Лондонската полиција ќе известила сите регистрирани хулигани од овој град, денес и утре, да ги предадат своите пасоши, доколку не го направат тоа тие ќе бидат уапсени.
Во Лондон вкупно биле регистрирани 123.хулигани на кои има е забранет влез на фудбалските стадиони. Полицијата соопшти дека како мерка на претпазливост ќе го засили своето присуство на аеродромот „Хитроу“, за да ги спречи сите мепредвидени варијанти.
„Сакаме да ја исклучиме секоја можност навивач што има забрана да отпатува во Русија и да ги следи натпреварите на Англија.Сите хулигани што нема да ги предадат пасошите ќе имаат работа со полицијара“, рекол наредниот Дејвид Хајн од фудбалската полиција.
Англија натпреварите во првата фаза ќе ги игра во Волгоград, Нижни Новгород и Калининград.