Top Sport

Лонго е нов тренер на Торино

Новиот тренер на Торино, Морено Лонго вели дека ќе остане „поврзан“ со навивачите на Гранде Торино и инсистира дека може да се сврти сезоната. Валтер Мацари си замина со взаемен договор со клубот по четири порази во низа во сите натпреварувања, вклучувајќи домашен 0:7 пораз од Аталанта и 4:0 пораз на гости кај Лече, прв за овој тим дома оваа сезона.

„Му благодарам на претседателот и на бордот што ми даваат голема шанса и не размислував долго пред да ја прифатам. Мораме да имаме сили да почнеме да размислуваме поинаку, од тренингот до мечевите. Тимот има квалитет, треба да го покаже“, вели Лонго.

Тој е миленик на навивачите на „биковите“ како поранешен фудбалер и вели дека ќе ја искористи таа врска да ги надмине несогласувањата меѓу навивачите и управата на клубот.

„Ги знам навивачите и знам колку можат да помогнат. Се надевам на позитивна атмосфера на стадионите, но тој ентузијазам треба да дојде од тимот. Прво морам да го ’поправам’ срцето и стомакот на моите фудбалери“, вели Лонго.

Scroll to Top