Top Sport

Лопетеги го предупреди Марсијал: Мора да направи нешто повеќе

Тренерот на Севилја, Хулен Лопетеги го предупреди Антони Марсијал, напаѓачот кој пристигна на позајмица од Манчестер јунајтед во јануари дека мора да „направи повеќе“ по дебито за клубот на вчерашниот меч против Осасуна.

Иван Ракитиќ утна пенал во 93. минута за Севилја да одигра 0:0 против баскискиот клуб, додека Марсијал ги одигра првите 77 минути од мечот, и Лопетеги вели дека мора бргу да се адаптира на шпанскиот фудбал.

„Антони мора да ни даде многу повеќе. Ова беше првиот меч и знам дека адаптацијата не е лесна, но мора бргу да ја запознае динамиката на шпанскиот фудбал и да ја врати самодовербата“, вели Лопетеги, иронично еден од тренерите кои се повруваат со место во Јунајтед.

Стартер покрај Јусеф Ел-Несири и Оливер Торес во нападот, Марсијал имаше успешни 33 додавања од можните 36, но иако е напаѓач немаше ниту еден удар кон голот.

Scroll to Top