Нема причина во Реал да биде вклучен алармот по поразот од Атлетико во Суперкупот на УЕФА, смета тренерот Хулен Лопетеги.
Поранешниот шпански селектор, синоќа го имаше официјалното деби на клупата на „кралскиот клуб“ и не успеа да забележи триумф. Атлетико, по продолженијата победи со 4:2.
Реал, ова лето, не донесе играч кој би можел да го замени Кристијано Роналдо, а Лопетеги смета дека клубот нема да биде активен на трансфер пазарот.
„Она што е дефинирано како клупска политика нема да се смени само поради ова финале. Сега не очекува почетокот на Ла Лига. Во продолженијата против Атлетико игравме добро, доминиравме, но ситуацијата се смени откако тие го постигнаа третиот гол. Тогаш настанаа проблеми кои се обидувавме да ги решиме со ризични решенија. На крајот разликата ја направија грешките што Атлетико знаеше да ги казни“, рекол Лопетеги.